Децата на амишите, пораснати на селските фарми на северот на американската држава Индијана, не заболуваат од астма, дијабетес, алергии, ниту од која било форма на современите болести.
Швајцарскиот научник Марк Холбрејхам, кој го истражувал здравјето на децата на амишите, вели:
– Заклучокот е дека стапката на современите заболувања е многу, многу ниска кај амишките деца. Навистина, како да постои нешто што ги штити, а и понатаму останува неразјаснето.
Истражувачите ги споредувале децата пораснати во релативно здрави, рурални средини и дошле до заклучок дека децата на амишите се поздрави во споредба со децата што растат на европските фарми. Дополнително, во последните 20 години се забележани само неколку случаи кога амишките деца биле алергични на нешто.
Инаку, амишките семејства, кои влечат корени токму од Швајцарија, живеат во природа, далеку од градовите, се хранат со органска храна и многу се религиозни.
И претходно било пишувано за одличното ментално здравје на амишите и за фактот дека во оваа заедница едноставно не постои аутизам. Имено, конвенционалната медицина често нема одговор зошто амишите немаат искуство со аутизмот или со какви било други проблеми што се карактеристични за денешното технолошко општество.

Тие живеат во заедница која, според сфаќањата на просечните Американци (кои имаат проблеми со дебелината, дијабетесот, срцеви болести, аутизам, морално пропаѓање), се води од старомодни идеали. Амишката исхрана се состои од органска храна, од свежи, локално произведени продукти, одгледувани исклучиво со органско ѓубриво, па оваа заедница никогаш не дошла во допир со ГМО-храна. Коронарните заболувања, ракот и дијабетесот се речиси непознати во селата на амишите. Во досегашното истражување на здравјето на амишите се регистрирани само три случаи на аутизам кај нивните деца.
Првиот случај било дете од Кина посвоено од една амишка двојка. Одредени научници тврдат дека амишите имаат посебен суперген кој ги прави имуни на многу болести на современото општество.
Исто така, уште една помалку позната карактеристика на амишите е дека се многу интелигентни, со исклучително напредна вештина за пишување која е на факултетско ниво, иако многумина од нив никогаш не студирале.

 



912

X