Спортувањето е исклучително здраво за децата. Тие го развиваат своето тело, ум, чувство за заедница, самодоверба и натпреварувачки дух. Една неодамнешна студија на 11.000 деца на возраст од 9 до 13 години покажала дека оние деца што играат тимски спортови, како фудбал или кошарка, имаат помала веројатност да бидат анксиозни во споредба со оние деца што не спортуваат. Нивото на намален ризик беше проценето на една петтина.

Сепак, децата што исклучиво се занимаваат со индивидуални спортови, како што се гимнастика, тенис и борење, имале 15 проценти поголема веројатност да развијат анксиозност од децата кои не се занимаваат со ниту еден спорт, според студијата објавена во списанието „Plos One“.

Како експертите ги толкуваат добиените податоци?

Научниците велат дека ова значи дека тимското натпреварување го зајакнува заедништвото и влева здрава доза на натпреварувачки дух и мотивација, додека индивидуалните спортови можат да предизвикаат поголема вознемиреност поради притисокот на самоизведбата. Натпреварувањето во тимски спортови може да има емоционални и бихевиорални придобивки кои би можеле да се сведат едноставно на повеќе можности за позитивна социјална интеракција. Може да се доживее и чувство на блискост и кохезија со соиграчите, што може да ги зајакне социјалните вештини на младите и нивната способност да се справат со стресот.

Потенцијалното негативно влијание врз менталното здравје на натпреварувачите во индивидуалните спортови може да се должи на тоа што младите луѓе се соочуваат со значителен стрес кога настапуваат пред публика и се плашат од другите кои го оценуваат нивниот изглед и нивните перформанси, велат истражувачите.

Експертите, исто така, потврдиле дека се потребни дополнителни истражувања на оваа тема.

Извор



912

X