По приближно четири месеци, луѓето од целиот свет постепено се навикнуваат на новата нормала. Носењето маски и држењето дистанца од најмалку 2 метра е нешто на кое сите треба да се навикнеме. Никому не му се допаѓа новото „нормално“ што го создаде оваа пандемија, но подобро е човек да биде повнимателен кога се дружи со другите отколку подоцна да се кае затоа што не бил.

Експертите велат дека дружењето меѓу децата не е пожелно затоа што нема социјално дистанцирање. Но, како што знаеме, како што поминува секој ден, станува многу тешко да не ги прошируваме нашите кругови, особено кога станува збор за децата.

Доколку сепак сакате вашето дете да си игра со другарче, тогаш најдобро би било тоа да биде надвор и со помал број деца (едно до две деца максимум), вели Дорота А. Сцепанијак, педијатар во детската болница „Рајли“ во Индијанаполис. Имајте предвид дека децата што се имунокомпромитирани или имаат хронични медицински состојби веројатно треба да избегнуваат собири како што се повеќето јавни места, трговски центри или паркови и игралишта.

Ако вашето дете е здраво и сака да си игра со другарчињата, следете ги овие чекори одобрени од педијатар. Забавувајте се, одржувајте дистанца и мијте ги рацете!

1. Правете планови со пријатели или семејство во кое имате доверба

Во овие неизвесни времиња немате многу контрола. Може да практикувате социјално дистанцирање и да бидете сигурни дека членовите на вашето семејство често ги мијат рацете, но не постои начин да знаете дека и другите го прават тоа. Затоа треба да правите планови само со семејство и пријатели за кои знаете дека ги преземаат истите мерки на претпазливост. Ова ќе ви овозможи да бидете порелаксирани во текот на средбата.

2. Проверете како сите се чувствуваат

Дали некој имал температура, кашлица, кивање, течење на носот или се чувствувал уморен? Дали некој бил близу со заразена личност во изминатите 14 дена? Ако некој одговори да, тогаш најдобро е да ја презакажете средбата.

3. Планирајте прошетка на отворено

Средбата на отворено е најдобра опција. Ова му овозможува на свежиот воздух да го ограничи ширењето на бактериите и да има доволно простор на децата да играат. Возењето велосипед, цртањето со креда на тротоар се забавни активности, но имајте ги предвид вообичаените мерки на претпазливост ако вашите деца играат во базен.

4. Спакувајте ги најважните работи

Не заборавајте маски, средства за дезинфекција на рацете, влажни марамчиња. На секои 15-20 минути миење на рацете – советуваат експертите.

Добро би било да си земете играчки и грицки за секое дете посебно, за децата да не ги делат и да не се приближуваат.

5. Практикувајте социјално дистанцирање пред време

Потсетете ги вашите деца дека сепак е добра идеја да држат растојание од другите. И не заборавајте маски за лице за постарите деца. Најдете интересни и забавни маски, со суперхерои или цртани ликови. Така ќе биде поголема веројатноста за вашите деца да ги носат.

6. Земете ги податоците од сите луѓе со кои сте седеле

Во случај некој да развие симптоми, потребно е да си ги размените контактите и да се известите едни со други.

Автор: Мелиса Милс

Извор



912

X