Децата имаат неверојатни 28 ужини неделно – бисквити, крекери, чоколатчиња се најчести слатки што се консумираат, според ново истражување. Студија спроведена на деца на возраст помеѓу 4 и 11 години открива дека тие уживаат во 4 ужини во текот на денот, со 41 отсто поголема веројатност тоа да се случува во попладневните часови.

Сепак, помеѓу 10 и 11 часот наутро се докажало дека се консумираат 42 отсто од грицките. Ова е пред уште еден таканаречен „пик“ во апетитот кој се одвива помеѓу 14 и 16 часот попладне – односно по училиштето. Се открило и дека 56 отсто од мајките и татковците се грижат за тоа со какви грицки се хранат нивните деца, а повеќе од половина од родителите им даваат бисквити на децата за да ги задоволат нивните потреби. 52 отсто од родителите обично им даваат крекери, додека речиси половина од децата земаат јаболко кога чувствуваат глад.

Марк Симестер, директор во „Сорин“, организација која го спровела истражувањето, истакнал: „Нашето истражување покажува дека грицкањето и ужините се дел од секојдневната рутина на децата. Сепак, поради количината на ужини и грицки што се консумираат на дневна и неделна основа, важно е да се изберат правилните ужини за децата да имаат доволно енергија во денот. Знаеме дека децата го сакаат вкусот на бисквитите и чипсовите, но овие производи ја немаат секогаш доволната хранлива вредност како други здрави ужини. Покрај домашните и училишните задачи и секојдневните активности што ги имаат децата, важно е тие да ја добијат потребната енергија за да функционираат во текот на денот“.

Студијата открила и дека 47 отсто од родителите се загрижени за навиките поврзани со ужината на нивните деца, а половина од нив сметаат дека она што децата го консумираат не е здраво. 46 отсто од претпазливите родители се плашат дека нивните деца јадат преголеми количини, додека 10 отсто сметаат дека децата не ги добиваат потребните хранливи материи. 19 отсто од нив веруваат дека децата повеќе грицкаат во текот на работната недела отколку во викенди.

Често родителите со себе носат грицки каде и да одат во случај детето да огладне. Но, ова може да придонесе родителите да трошат повеќе пари на ужини и грицки отколку што е потребно. Еден од 20 родители тврди дека троши повеќе од 100 фунти месечно само на грицки. Како резултат на тоа, повеќе од половината родители се загрижени за сумата што ја трошат на ужини за децата.

Студијата, спроведена преку „УанПул“, исто така открила дека 42 отсто од родителите кажале оти нивните деца имаат навика да ужинаат исто колку што имаат навика да јадат 3 оброци дневно. Тројца од 10 родители признале дека ако им се даде избор, нивните деца попрво би избрале нездрава ужина, како чипс или бисквити, отколку нешто здраво. Тоа доведува до статистиката дека 48 отсто од родителите избираат вкусни ужини во кои знаат дека децата ќе уживаат, но 52 отсто од родителите сепак избираат храна врз основа на тоа колку е здрава.

Марк Симестер од „Сорин“ додава: „Тешко е кога децата сакаат нешто вкусно за јадење, но вие како родител сакате да јадат нешто здраво. Сепак, има ужини што се достапни и нудат здрав баланс во хранливите материи, а воедно се и вкусна опција која децата ќе ја сакаат“.

Автор: Кристин Јунан

Извор



912

X