Експертите предупредуваат дека зголемената употреба на паметни телефони ги прави децата склони кон сериозни психолошки проблеми, односно дека прекумерната употреба на мобилни телефони влијае врз нивната психа.

Денес, зависноста од паметни телефони е загрижувачки тренд во целиот свет, а особено е актуелен во последните неколку години. Прекумерната употреба на паметни телефони кај децата предизвикува ментални здравствени проблеми.

Неодамнешните студии покажале дека зависноста од паметни телефони кај децата предизвикува осаменост и чувство на напуштеност и некои слични ментални проблеми. Еве ги сите психички проблеми предизвикани од прекумерната употреба на мобилни телефони.

Стрес и анксиозност

Експертите за ментално здравје објаснуваат дека трошењето премногу време на мобилен телефон може да предизвика стрес и анксиозност. Колку повеќе децата ги користат своите мобилни телефони, толку се повознемирени. Стресот и анксиозноста може да доведат до лошо ментално здравје, како и до многу други болести.

Депресија

Секој што прекумерно користи мобилни телефони, вклучително и децата, има поголема веројатност да стане депресивен. Ова се случува затоа што паметните телефони можат да ги попречат другите пријатни активности и да ги нарушат социјалните активности.

Лошо расположение

Смартфоните ги прават децата несреќни, покажуваат студиите. Поконкретно, прекумерното користење на мобилниот телефон се дефинира како проблематично, кога децата не можат да го регулираат времето поминато пред екранот, што може да доведе до негативни последици врз целокупното здравје.

Проблеми со однесувањето

Сè уште не е познат точниот механизам на врската помеѓу мобилните телефони и проблемите во однесувањето. Но, експертите велат дека користењето мобилни телефони може да доведе до прекумерно лачење на хормонот мелатонин, кој влијае врз развојот на мозокот и на тој начин предизвикува проблеми во однесувањето – како што е агресијата.

Извор



912

X