Кога станува збор за родителството, се чини дека секој има одредено мислење. Но, што е со контроверзните теми? Дали постои правилен или погрешен начин да ги воспитувате вашите деца? Дали постојат некои работи што треба или не треба да ги правите? Се разбира, некои работи се поважни од другите. Но, новите совети дадени од педијатри велат дека децата треба да спијат со нивните мајки до нивната тригодишна возраст.

– Спиењето сами го отежнува поврзувањето на мајката и детето и го оштетува развојот на мозокот, што води до лошо однесување како што детето расте. Исто така, нивните срца беа под поголем стрес – вели д-р Нилс Бергман од Универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка за „Дејли мејл“.

Повеќе истражувања тврдат дека спиењето заедно доведува до ненадејни смртни случаи кај новороденчињата, но други докази покажуваат дека постојат и други критични фактори кај овие смртни случаи.

Како што објаснува д-р Џејмс Мекена од Универзитетот во Нотр Дам и автор на книгата „Спиење со вашето бебе: Водич за родители за заедничко спиење“, земјите со најголем број мајки што спијат со своите деца се поврзани со најниската стапка на морталитет кај новороденчињата. Особено е важно да се препознаат овие дополнителни фактори кога се дава препорака без оглед на тоа дали мајките треба да спијат во ист кревет со своето бебе, да спијат во истата соба, но на различен кревет или да спијат во различна соба.

– Кога бебињата се задушуваат во креветчињата, тоа не е затоа што нивната мајка е присутна. Тоа е поради други работи: токсични гасови, цигари, алкохол, големи перници и опасни играчки – вели д-р Берман.



912

X