„Секоја книга е книга за деца, ако детето знае да чита“, Мич Хедберг.
„Лицето на детето кажува сè, особено делот од лицето каде што е устата“, Џек Хенди.
„Постојат само две работи што децата доброволно и со задоволство би ги делеле: заразни болести и годините на својата мајка“, Бенџамин Спок.

„Не постојат седум светски чуда, гледано со детски очи. Постојат седум милиони чуда“, Волт Стрејтиф.
„На децата им е потребна љубов, особено кога не ја заслужуваат“, Харолд Хулберт.
„Полесно е да се изгради силно дете отколку да се поправи скршен човек“, Фредерик Даглас.
„Девојчињата се слатки и мали само за возрасните. Една на друга, тие не си се ниту слатки ниту мали“, Маргарет Атвуд.

„Децата гледаат сè во ништо, луѓето гледаат ништо во сè“, Ѓакомо Леопарди.
„Децата се пораки што ги испраќаме во времето кое нема да го доживееме“, Џон Вајтхед.
„Постојат два вида патување: прва класа, и со деца“, Роберт Бенчли.
„Децата поставуваат прашања на кои мудар човек не може да одговори“, Софокле.

„Децата се сидрото кое мајката ја врзуваат за животот“,  Софокле.
„Децата се непредвидливи. Никогаш не знаете во која недоследност следно ќе ве фатат“, Френклин Џонс.
„Душата се лекува кога сте меѓу деца“, Достоевски.
„Каде што се децата, таму е златната доба“, Новалис.
„Деца – тоа се нашите утрешни судии“, Максим Горки.

Извор



912

X