На новите генерации не им е позната технологијата од минатото – тие растат и се развиваат користејќи ја новата технологија: паметни телефони, рамни екрани, таблети, брз интернет. Некои воопшто и не слушнале, ниту пак виделе како изгледале старите компјутери и телефони. Не чуле ниту за телефон кој е воедно и факс-машина – нешто без кое речиси ниту една компанија не функционирала до пред одредено време.

Во следното видео можете да ги погледнете реакциите на децата кои првпат се среќаваат со ваков уред. Прво, се чудат за што се работи, а кога ќе им биде објаснето дека преку тој телефон, кој е и факс-машина, може да се испраќаат и напишани пораки, тие се вчудовидени. Дознаваат дека цената на ваквиот уред во минатото била навистина висока, а сега може да се најде за многу ниска цена на пазарот, бидејќи ретко кој го користи.

Факс-машините најмногу се користеле во 80-тите и 90-тите години, па логично е што децата од новите генерации не се сретнале со таков уред.

Децата со прстите ги допираат бројките на телефонот, а потоа се возбудени додека се обидуваат да испратат пишана порака преку факс – особено што тие пораки се во црно-бела верзија. Нивните реакции погледнете ги во следното видео.

Извор



912

X