Оние што имаат маќеа или очув, анонимно ги споделиле своите искуства на апликацијата „Виспер“:

„Не ми се допаѓа кога маќеата ме споредува мене со нејзините деца. Сме растеле во различно опкружување. Не сум пасивна и покорна, туку го кревам својот глас за она што е правилно.“

„Навистина ја мразам мојата маќеа. Мојот татко ја изневеруваше мојата мајка со неа, но ако се обидам да му објаснам како се чувствувам поради тоа, мислам дека дополнително ќе ги влошам работите.“

„Ми оди на нерви кога маќеата ме шпионира додека играм игри доцна во ноќта.“

„Мене многу ми пречи што мојот очув не ме прифаќа како своја ќерка, но кога луѓето ме прашуваат кој ми е татко, секогаш велам дека е тој.“

„Не го сакам очувот бидејќи никогаш не сакал да направи ништо за нас, само за своите биолошки деца.“

„Не ми се допаѓа кога мојата мајка се обидува да ми ја префрли вината затоа што не сакам да правам некои работи со неа и очувот. Таа знае дека ја сакам, но не го сакам него.“

„Се ужасувам кога гледам како мојата маќеа ги троши парите на татко ми кога и така ќе го остави.“

„Мојот татко не ми верува кога му кажувам колку е злобна маќеата кон мене. Тогаш ме обвинува дека лажам.“

Автор: Латоја Гајл

Извор



912

X