Децата се вкочанети, тромави и зависни од родителите

Новите истражувања укажуваат на тоа дека детскиот развој е забавен поради сите правила и прописи што се смислени за да ги заштитат децата.

Деца од памук

Многу родители би го одрекле тоа и ќе кажат дека нивните деца имаат слобода колку што сакаат, време и простор за слободна и креативна игра. Но, во државите низ светот од парковите се отстрануваат конструкциите за качување, а бројот на тобоганите и трамбулините исто така се намалува зашто често во новинарски текстови се поврзуваат со детски повреди.

Од Бирото за стандарди во образованието во Велика Британија нагласиле дека со секаквите забрани создаваме таканаречени „деца од памук“, чувствителни и премногу заштитени. Нивниот најнов извештај сугерира дека постојат премногу непотребни грижи за детското здравје и сигурност, што доведува до негативно влијание на развојот и растот на детето. Исто така, надгледувањето на секоја игра на децата има свој удел.

– Знаеме дека развојот на мускулната сила и снаодливоста се клучни во раните години и се важен дел за подготовката на децата за на училиште. Најдобрите воспитувачи тоа го препознаваат и затоа ги поттикнуваат децата постојано да бидат зафатени и активни – пишува во извештајот на Бирото.

Детскиот развој се забавува

Исто така, предупредуваат дека силните забрани и притисок над децата со сигурност им ја скратуваат можноста за истражување и преземање ризици.

Детската љубопитност често е задушена од непотребни грижи. Многу институции, сепак, се под притисок да мора да поминат одредени сигурносни мерки, што е наложено и со закон, но психолозите сметаат дека одредената доза на ризик е всушност здрава и нужна за сите деца.

– Без тоа ги потиснуваме љубопитноста и можноста на децата да учат и да се развиваат – нагласуваат од Бирото.

Избегнувањето ризици и другите последици

Многу родители наведуваат во британските медиуми дека избегнуваат да ги праќаат децата во паркови бидејќи ги сметаат справите за опасни, а воспитувачите на децата од претшколска возраст не ги носат децата на излет бидејќи стравуваат од последици ако нешто се случи. Но, од недостигот на телесна активност кај децата може да дојде до тешкотии во пишувањето, додека намаленото искуство со надворешниот свет може многу да го ограничи нивниот вокабулар. Затоа, експертите предупредуваат дека родителите, но и воспитувачите би требало да најдат одредена рамнотежа помеѓу доживувањето и дивеењето.

Автор: Сања Бубало



912

X