Пред неколку години, фановите се интересираа само за нивните идоли, но денеска е многу поразлично. Освен што сакаат да знаат да сѐ за личниот живот на нивните омилени пејачи и актери, фановите читаат многу и за нивните деца.

Ова е листата на бебиња и деца на познататите кои се попознати и од нивните родители.

Блу Ајви Картер

Извор: gigionthat.com

Бебето на Бијонсе и Џеј Зи стана познато уште од моментот кога Бијонсе изјави дека е бремена. Картер исто така се најде и на листата на најпознатите личности во магазинот „Билборд“ веднаш откато Џеј Зи објави песна посветена токму на неа.

Принцот Џорџ Александар Луис

Извор: telegraaf.nl

Првиот внук на принцот Чарлс стана интересен за медиумите уште пред да се роди. Откако принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја објавија нивната прва слика со бебе, сите светски медиуми пишуваа за нив. Магазаинот „Пипл“ во август во 2013 година продаде повеќе од милион копии.

Анџело Џејмс Конецки

Извор: glamouronline.hu

Адел вешто го криеше својот син Анџело во јавноста дури осум месеци откако го роди. Сепак, камерманите успеаја да ја сликнат познатата пејачка со синот во Золошката градина во Њу Јорк. За многу брзо време, сликата стана позната во целиот свет.

Харпер Севен Бекам

Извор: closerweekly.com

Харпер е четвртото дете на Дејвид и Викторија Бекам. Девојчето уште на 14 месеци почна да чекори по стапките на мајка ѝ. Викторија постојано ја носи на секоја модна ревија.

Вивијан Лејк Брејди

Извор: cnnturk.com

И покрај тоа што бебето Вивијан има многу популарни родители – Гисел Будчен и Том Брејди, таа веќе стана попопуларна од нив. Откако се појави нејзината слика на Фејсбук , нејзиниот изглед привлече огромно внимание.



912

X