Од Божиќ нѐ дели еден месец. Веќе се чувствува божиќната атмосфера, а децата се возбудени од помислата за Дедо Мраз, Нова година и новогодишни подароци. Ако сакате да им ја приближите оваа приказна, имаме одлична вест.

Сега можете да гледате пренос во живо од Северниот Пол на јутјуб-каналот „Festive Studio 24“. Бесплатно е и можете да видите како изгледаат подготовките на Дедо Мраз и неговиот тим од џуџиња за најважниот ден од годината.

Камерите се поставени во поштата, просторијата за пакување подароци, работилницата, канцеларијата и дневната соба на Дедо Мраз, како и во шталата каде што се ирвасите.

Извор



912

X