Игротека

Деца.мк денеска слави 4. роденден

Од екипата на дигиталниот медиум Факултети.мк пред точно четири години произлезе идејата за формирање и креирање на порталот Деца.мк.

Од формирањето тој предизвика голем интерес во јавноста со различните содржини што се наменети за развојот и проблемите со кои се соочуваат децата и нивните родители. За таа цел, со порталот соработуваат стручни соработници, лекари, психолози, наставници, педагози кои придонесуваат за помош при развојот и здравјето на децата, а бројот на посети достигна до 400.000 месечно.

И Деца.мк и Факултети.мк се секогаш отворени за соработка со читателите, за вашите коментари, препораки, сугестии, колумни и вашите кликови и лајкови како потврда дека овие дигитални медиуми продолжуваат да пласираат содржини вредни за читање.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top