Игротека

Деца им читаат книги на кучиња оставени во засолништа

За многу животни што живеат на улиците или имале бездушни сопственици кои не сакале да се грижат за нив, носењето во засолниште за животни е дефинитивно подобрување. Сепак, на оние што не ги посвојуваат за брзо време животот во засолништето знае да им биде прилично осамен.

Овие животни честопати се исплашени и ја изгубиле довербата во луѓето поради нивното несреќно минато и, за жал, ова ги намалува шансите да најдат среќен дом.

За да го решат проблемот и да ги подобрат шансите на животните да најдат нови сопственици кои ќе се грижат за нив, „Хумен сосајети“ – организација од Мисури – почнала нови проект – Програма за читање на пријателите од засолништата, што вклучува деца на возраст од 6 до 15 години.

– Програмата ја почнавме поради две причини. Кучињата во засолништата покажуваат знаци на анксиозност и знаци на стрес, така што сакавме да ги смириме. Имаме многу деца во областа што сакаа да се вклучат и да се ангажираат околу нив, па постојано прашуваа како да им помогнат.

Така се родила идејата децата да поминуваат време со кучињата и да им читаат. Не само што ова им помага на кучињата да ги подобрат нивните социјални вештини и полека да научат повторно да им веруваат на луѓето, туку е корисно и за децата. Програмата почнала пред две години, а резултатите се неверојатни.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top