Воспитување

Детето треба да остане само дома во текот на зимскиот распуст. Како да биде безбедно?

Многу родители што работат имаат проблем со зимскиот одмор бидејќи нивните деца тој период не одат на училиште. Дури и двајцата родители да земат одмор во различно време, сепак, ќе треба да пронајдат алтернативни мерки за тоа кој да се грижи за помалите деца. Постарите деца ќе ги поминат деновите дома без никаков надзор.

Оставањето на децата сами дома ги загрижува родителите. Колку долго може да бидат дома сами? Како можете да ја осигурите нивната безбедност? Како ќе го поминат времето? Што ако некој дојде? Дали треба да им се дозволи да го напуштат домот во текот на денот за да го посетат својот пријател? Дали ќе биде сигурна куќата?

Советите во продолжение можат да им бидат од корист на родителите што работат во текот на зимскиот распуст.

Што бараат крадците?

Повеќето крадци се мотивирани од можностите и погодностите. Тие бараат домови во кои нема никој, а каде што вратите и прозорците се отворени во текот на денот. Научете ги вашите деца да ги заклучуваат вратите, и предните и задните.

Повеќето крадци ги избегнуваат домовите ако откријат дека има некој внатре. Осигурете се дека вашите деца ги знаат вашите правила за тоа дали некој смее да влезе во домот или како да се однесуваат кога ќе се појави некој непознат на врата.

Исто така, потребно е:

– Да им кажете на вашите деца како да телефонираат во итни случаи. Запишете ги вашето име, адресата и телефонскиот број и ставете ги покрај телефонот.

– Запишете број на лице што ќе биде достапно додека вие сте на работа.

– Создајте семеен „телефонски именик“ со телефонски броеви на одредени пријатели на членовите на семејството. На тој начин, ако некогаш не знаете каде е вашето дете, можете да им се јавите на неговите пријатели и да проверите дали е кај нив.

– Ограничете им го времето што го минуваат на интернет и инсталирајте софтвер за безбедност што ќе ви овозможи да ја надгледувате активноста на интернет и да ги избегнувате онлајн-предаторите.

При недостиг на надзор во текот на зимскиот распуст некои деца може да ги поместат границите, па дури и да го прекршат законот, особено кога ги охрабруваат нивните другарчиња. Затоа, ако на вашето дете му е дозволено да излегува додека е на распуст, ви нудиме неколку совети за негова безбедност:

– Договорете се до кога може да биде излезено.

– Договорете се каде смее да оди.

– Дајте му до знаење дека не смее да разговара со луѓе што запираат со автомобилот и сакаат да разговараат со него. Објаснете му дека повеќето возрасни не бараат помош од малите деца – обично ги прашуваат возрасните. Наместо да му помогне на непознатиот, кажете му дека треба да побара некоја мајка со деца или да оди на јавно место (како трговски центар) за да побара помош.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top