Кога детето ќе си го гризне јазикот, тоа боли, но најчесто не е опасно. Меѓутоа, ако детето има проблеми со епилептични напади и за време на некоја незгода паднало на уста, може да настанат сериозни повреди. Како да се постапи кога детето ќе си го гризне јазикот?

Јазикот е чувствителен орган. Кога јадеме и џвакаме храна, тој се мрда и понекогаш може да заврши и под забите. Моментот на гризење на јазикот може да биде многу болен, но најчесто болката поминува и детето заборава што се случило. Но, понекогаш се случува силно гризење и доаѓа до силно крвавење кое треба да се прекине.

Смирете го детето

За почеток треба да го смирите детето бидејќи би можело многу да се вознемири, не само поради болката од гризењето, туку и од крвта што ја гледа и ја чувствува во устата.

Стопирајте го крвавењето

1. Ако детето силно се гризнало, треба прво да го прекинете крвавењето. Земете чиста мека хартија и притиснете ја на местото каде што се гризнало. Држете ја хартијата околу пет минути.
2. Кога ќе запре крвавењето, дајте му на детето коцка мраз да ја стави во устата. Мразот истовремено ќе ги намали и болката и отокот.

Кога да се оди на лекар?

Ако се работи за повреда која силно и без запирање крвави, задолжително одете на лекар. Кај длабокото гризење и силно крвавење може да треба да се шие раната. Може да се појави и инфекција, па затоа мора да се консултирате со лекар.

Лекување на јазикот

Зависно од повредата, на раната ќе ѝ биде потребно време за да заздрави. Но, тој процес можете малку да го забрзате:
– Маст за заздравување на раната може да помогне.
– Сварете чај од камилица и дајте му го на детето да ја плакне устата.

 



912

X