Дали сте еден од оние исцрпени, ненаспани родители чие дете не сака да оди на спиење без оглед на сè? Одложувањето на спиењето е чест проблем кај повеќето мали деца, но можете да пробате неколку стратегии за да го решите проблемот.

Добра рутина пред спиење

Капењето и читањето приказна пред спиење се одлични начини да го смирите вашето дете. Но, не заборавајте да го исклучите телевизорот и кој бил друг електронски уред барем еден час пред да одите на спиење. Ако вашето дете апсолутно инсистира и вели дека не е уморно, нека чита тивко во неговата соба или нека слуша смирувачка музика.

Мирни и тивки вечери

Исклучете го телевизорот и другите екрани најмалку еден час пред да си легнете. Овие активности се стимулирачки и може да го нарушат сонот. Наместо тоа, пробајте да пуштите смирувачка музика и придушете ги светлата.

Доследно време за одење на спиење

Обидете се секогаш да се придржувате до истото време за спиење, дури и во викендите.

Не откажувајте се

Ако вашето дете стане три пати за да испие чаша вода и да оди во тоалет, може да бидете во искушение да му дозволите да остане будно или да спие во вашиот кревет. Можеби се чувствувате виновни затоа што не сте поминале квалитетно време со него откако сте се вратиле од работа. Но, ако детето не научи како да заспива во својата соба, вие само ќе ги продолжите проблемите со спиењето. Бидете нежни и мирни, но цврсти. Вклучете го ноќното светло, оставете ја вратата отворена и кажете му дека ќе го проверувате на секои неколку минути, но нагласете дека треба да остане во кревет.

Заборавете на очекувањата

Обидете се да не размислувате што „треба“ да прави вашето дете на негова возраст. Споредувањето на детето со други деца, или очекувањето од него веднаш да легне и да нема проблеми едноставно затоа што е „веќе големо дете“ само ќе доведе до фрустрација. Наместо тоа, работете заедно како тим за да дознаете како да ги уредите дневните и ноќните рутини. Бидете трпеливи.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X