Дали сте слушнале за книгата „Кога само вашите родители би ја прочитале оваа книга (за среќа вие ја прочитавте)“?

Психотерапевтот Филип Пери објаснува како да бидете добар родител и да им дадете на децата здрав почеток – без да бидете премногу строги кон себе. Од овој вреден прирачник за родителство во продолжение се издвоени 5 клучни совети.

Поставете граници

Може да биде навистина тешко бидејќи го сакате вашето дете и сакате да му дадете сè, но доаѓа момент кога ќе ја достигнете границата. Значи, без оглед на вашите стратегии за родителство, ќе ви требаат граници. Како да поставите граници со многу љубов? Одговорот е во изјавите „јас“, а не во изјавите „ти“. Дефинирајте се себеси, а не детето. Тоа значи: „Знам дека сакаш да одиш со ноќниот автобус, но сè уште не сум подготвен/а да те пуштам.“ Тоа не значи: „Не, имаш 13 години, премногу си млад.“

Никој не сака да биде дефиниран, затоа дефинирајте се себеси, а не детето.

Прифатете ги сите расположенија на вашето дете

„Проблемот со нас, родителите, е што сакаме децата постојано да бидат супер среќни. Но, навистина е важно да им дозволиме да го имаат секое расположение и да останеме со нив додека трае“. Речиси може да се каже дека премногу ги сакаме, дека не можеме да поднесеме да ги гледаме несреќни, па велиме „не биди тажен/а“. Сепак, она што треба да го направиме е да го прифатиме секое нивно расположение за да не се чувствуваат лошо кога се тажни или лути затоа што ние сме покрај нив и се обидуваме да ги разбереме.

Запомнете дека вие сте огледало за вашето дете

Родителите се огледало за своето дете. Начинот на кој реагирате на детето – детето тоа го разбира и тоа е дел од него. Значи, ако секогаш го одбивате детето со груба изјава како „Чизмите ти се калливи!“, тоа го гледа само вашето луто лице и го интернализира. Не грижете се премногу за тоа ако претходно сте реагирале вака. Само обидете се да бидете свесни за моментот во идните ситуации пред да ги спомнете калливите чизми. Бидете среќни што ги гледате, ние сме нивните огледала.

Секое однесување е комуникација

Ако мислите дека вашето дете се однесува проблематично, запомнете го ова: секое однесување е комуникација. „Она што вашето дете го прави е обид да пренесе нешто на најдобар начин што знае. Значи, она што треба да го направиме е да го дознаеме значењето на однесувањето и да му помогнеме да најде подобар начин да го изрази она што го чувствува. „Мораме да ги дозволиме сите чувства, дури и ако мислиме дека се непријатни. Треба да им помогнеме на децата да ги артикулираат своите чувства дури и ако тие не се онакви какви што ние би ги чувствувале во нивната позиција. Секој е различен“.

Вашето дете не е проект или обврска

Вашето дете не е задача не е проект за усовршување. Вашето дете е личноста со која треба да се поврзете. Без разлика дали е мало бебе или тинејџер, вашето дете е личност со која треба да се поврзете, а не проект и обврска.

Извор



912

X