Детето мора да се вакцинира додека е уште мало. Како што расте, ти почнуваш по малку да го фрустрираш, да не му даваш нешто, по малку…

Толеранцијата на фрустрации значи трпение. Ако не умееме да трпиме, не може да ни биде добро. Она што го трпиме е фрустрација, а фрустрацијата е неисполнета потреба. Како се развива толеранција на фрустрацијата, или како да се „вакцинираме“ против фрустрацијата, како де се биде задоволен ако не се исполнети сите потреби?

Детето мора да се вакцинира додека е мало. Како што расте, ти ќе почнеш да го фрустрираш по малку, да не му даваш нешто, по малку. И тогаш тоа почнува по малку да се бунтува, но ги собира играчките. Бидејќи, собирањето играчки не е негова потреба. Неговата потреба е да ги расфрла играчките, а ваша е потребата тоа да ги прибере. Тоа е малку исфрустрирано, но ги собира, а истовремено учи и убаво да трпи.

Сакам колачи – не може колачи, сине. И така ние ги клукаме со некои фрустрации, тамам колку што треба. Бидејќи, како дејствува вакцината – таа е исто што и болеста, само разблажена, па по малку му го иритира имунолошкиот систем. А кога би ја пуштиле болеста во полн интензитет, би добиле заболување, а не вакцинација. Исто е и со психичкиот живот. Кога ние би ги трауматизирале децата со фрустрации, би добиле болест. Некои родители премногу ги фрустрираат децата, па ги трауматизираат, не ги задоволуваат нивните основни потреби, а некои премалку ги трауматизираат, па добиваме разгалени и претерано заштитени деца.

Или имаме лица истрауматизирани од фрустрации кои потоа бегаат од сите ситуации што би можеле да ги фрустрираат, или имаме разгалени, кои збеснуваат на секоја ситуација што ги фрустрира. Знаете како изгледа кога разгалено дете ќе пратите на училиште. А таму нема да му ги исполнуваат желбите, па настануваат проблеми. Ни едните ни другите немаат имунитет.

Небојша Јовановиќ, психотерапевт

 



912

X