Пишувањето е една од првите вештини што ги стекнуваат децата кога ќе тргнат во прво одделение. На некои им е лесно, уредни се и педантни и нивните тетратки изгледаат совршено. Сепак, има повеќе деца на кои им треба повеќе време и повеќе вежбање за да пишуваат убаво и читливо.

Наставниците имаат до 30 ученици во своето одделение, па речиси е невозможно да се работи со секое дете што има лош ракопис во 45 минути. Од друга страна, мајките дома не се учителки и го немаат потребното знаење за тоа.

Затоа ви пренесуваме неколку совети кои може да се применат и дома доколку забележите дека вашето дете се бори со уредноста и лошиот ракопис.

Направете вежбањето на ракописот да биде забавно

Децата се програмирани на тој начин. Ако сакате да научат нешто, тоа треба да им биде забавно. Кога учењето го правите забавно, ги охрабрувате децата. Задолжително земете неколку интересни боички или маркери и детето нека ги користи дома за да вежба пишување. Со оглед на тоа што на училиште се користи само обичен молив, изборот на бои дома може да им го направи целиот процес позабавен и да ги мотивира да работат повеќе.

Фини моторни вештини

Вештините што се важни децата да ги стекнат пред да почнат да пишуваат вклучуваат фин моторен развој. Доколку детето има проблем со уредноста, причината може да биде токму недоволно развиената фина моторика. Оставете ги да сечкаат нешто, да наредат мали коцки или што било друго што може да го направат со нивните прсти.

Треба да проверите и дали детето правилно го држи моливот. Една од причините за проблемите во пишувањето може да биде лошото држење, а потоа треба да вложи дополнителен напор за пишување.

Зајакнете ги линиите

Ова е интересен трик. Ако детето „заборава на линијата“, можеби би можеле малку да ја зајакнете. Да речеме, со повлекување лепило по самата линија. Оставете го лепилото да се исуши, а детето на тој начин учи да пишува букви до дадената граница.

Извор



912

X