Денес често се зборува за здрави деца кои се физички активни. Луѓето што се грижат (родители, доктори, наставници и други) сакаат да знаат како да им помогнат на децата да бидат физички активни и здраво да се хранат.

За една личност да биде здрава, значи да биде физички активна и да има здрава тежина. Тогаш телото работи добро, се чувствува добро и може да ги направи сите работи што сакате да ги направи, како што е трчање наоколу со пријателите.

Некои делови од ова зависат од родителите – на пример, сервирање здрави оброци или навиката цело семејство да оди на пешачење во природа. Но, и децата можат да станат одговорни за сопственото здравје.

Ова се пет правила според кои треба да живеат сите деца:

1. Да јадат разновидна храна

Можеби имаат омилена храна, но најдобриот избор е да јадат разновидна храна. Ако јадат разновидна храна, поголема е веројатноста да ги внесат сите хранливи материи што му се потребни на телото. Нека пробуваат нова храна, на пр., зелениот зеленчук може да има подобар вкус како што станувате постари. Треба да имаат најмалку пет порции овошје и зеленчук на ден – две овошја и три зеленчуци.

Еве една комбинација:

Појадок: ½ шолја (околу четири големи) јаготки во вашите житарки
Ручек: 6 млади моркови
Ужина: јаболко
Вечера: ½ брокула (околу 2 китки) и 1 шолја салата

2. Да пијат вода и млеко

Кога се жедни, студената вода е најдобриот избор за гасење на жедта. Исто така, треба да пијат млеко. На децата им е потребен калциум за изградба на силни коски, а млекото е одличен извор на овој минерал. За децата од 4 до 8 години се препорачуваат 2½ чаши млеко на ден. Ако имаат 9 години или се постари, 3 чаши млеко на ден. Можете да го измешате млекото со други млечни производи богати со калциум. Еве една комбинација:

2 чаши (околу половина литар) млеко со малку маснотии или немасно млеко
1 парче кашкавал
½ шолја јогурт

Ако сакаат нешто друго освен млеко и вода, добро е да пијат 100 отсто природен сок. Но, обидете се да им го ограничите сокот на не повеќе од 1 шолја дневно. Избегнувајте сокови полни со шеќери како џусеви, овошни коктели и газирани сокови.

3. Да го слушаат своето тело

Кога јадат, да забележат како се чувствуваат. Понекогаш, луѓето јадат премногу бидејќи не забележуваат кога треба да престанат да јадат. Прејадувањето може да ве натера да се чувствувате непријатно и може да доведе до нездраво зголемување на телесната тежина.

4. Ограничете им го времето пред екран

Времето пред екран е времето што го поминувате на гледање телевизија, дивиди, играње видеоигри, користење паметни телефони, таблет или компјутер. Колку повеќе време поминуваат на овие активности што бараат седење, толку помалку време ќе имаат за активности како кошарка, возење велосипед и пливање. Обидете се да поминуваат не повеќе од 2 часа на ден пред екран.

5. Да бидат активни

Една обврска што ја имаат децата, а е забавна, е да откријат кои активности им се допаѓаат најмногу. Не секој сака фудбал или кошарка. Можеби сакаат карате или танцување. Најдете начин да бидете активни секој ден.

Извор



912

X