Дали е подобро да имате едно или повеќе деца? Дознајте ги предностите и недостатоците на децата што немаат браќа и сестри.
Децата-единци се вечна тема на расправи во рамките на општеството и во непишаните општествени норми поврзани со воспитувањето на децата и функционирањето на семејството воопшто.
Иако однесувањето на единецот најмногу зависи од односот на родителите кон него и од начинот на кој го воспитуваат, сепак, постојат разни стереотипи, митови, но и исклучоци кои настојуваат да ги окарактеризираат единците.

Предности

Фокус на детето
Родителите се фокусирани на своето единствено дете. Од тоа најчесто произлегува тие да станат подобри ученици, да имаат поразвиени способности за учење, поразвиен вокабулар, поинтелигентни се, повеќе се стремат кон успех и слично. Како производ од тоа што родителите им посветуваат повеќе време, единците развиваат подобар и поблизок однос со родителите и имаат поголема самодоверба.

Нема натпреварување
Честопати меѓу браќата и сестрите се случува да се однесуваат натпреварувачки, но и да имаат конфликти меѓу себе. Тоа се случува поради разни прекинувачи, како меѓусебно провоцирање, но и поради фактот дека се присилени да ги делат предметите и просторот со своите браќа/сестри. Околу овие прашања единците се целосно опуштени, независни се, не размислуваат натпреварувачки.

Недостатоци

Делење
Помалку се наклонети кон делење. Сè зависи од воспитувањето и пристапот на родителите кон детето, како и од неговите индивидуални карактеристики. Факт е дека детето што нема браќа и сестри потешко го совладува правилото за делење играчки, храна, облека и други работи што се дел од неговото секојдневие. Ако таквиот порив не се контролира, детето ќе биде себично и неприспособливо.

Осаменост
За единците се верува дека се осамени. Многу научни истражувања низ историјата покажале дека чувството на осаменост во повеќето случаи е присутно кај детето од најрана возраст.

Негативни влијанија
Негативните влијанија во семејството, како кавги меѓу родителите или најбаналните – високите очекувања на родителите од детето – директно се насочени кон детето. Во поголемите семејства браќата и сестрите се штитат едни со други во вакви случаи, а кај единците ситуацијата е покомплексна бидејќи се поизложени на такви влијанија, што може да влијае врз развивањето на детската индивидуалност, врз градењето на неговата самодоверба и општото задоволство од животот.

 



912

X