Насилството никогаш не е решение за ништо. Но некои приказни за насилство имаат среќен крај.

Лора Снајдер, наставничка во четврто одделение од САД, објавила приказна онлајн. Напишала дека ученик немал облека со официјален амблем за таканаречениот „Колеџ колорс деј“ на кој требало да се претстави спортскиот тим на универзитетот – „Волонтерите“. Според Снајдер, ученикот го нацртал логото на универзитетот од Тенеси на парче хартија и го ставил на портокалова маица. Бил многу горд на тоа што го направил, но кога го дизајнирал сопствениот „дрес“, бил предмет на исмејување од страна на учениците од основното училиште „Алтамонте“ од Флорида. Сепак, универзитетот реагирал на неочекуван начин.

Неговиот наставник рекол дека децата го исмејувале момчето.

фотоизвор: Лора Снајдер

Откако постот на наставникот станал вирален, универзитетот му испратил различни подароци на целиот клас.

фотоизвор: Лора Снајдер

Универзитетот, исто така, го претворил дизајнот во своја официјална маица со тоа лого.

фотоизвор: UTKnoxville

За среќа на сите, универзитетот реагирал на позитивен начин на целата ситуација.

Тајра Елизабет Хаг, директорот за односи со медиумите на универзитетот во Тенеси, изјавила: „Како и тимот Волонтери, и нашиот универзитет верува во поставувањето на другите пред себеси. Многу ни е драго што можевме да го поддржиме овој ученик, да добие насмевка на лицето и да воведеме повеќе портокалова боја во својот живот. Во вистински дух на нашиот универзитет, и другите излегоа во пресрет на оваа активност. Сега маиците се во продажба и продадени се повеќе од 16 илјади парчиња. Целата заработка ќе ѝ се донира на непрофитната организација „Стоп за насилството“.

Насилството има негативен ефект за сите вклучени, дури и за насилникот, жртвата и сите што се поврзани со исмејувањето и задевањето. Американскиот оддел за здравје и служба на граѓаните тврди дека насилството води кон депресија, анксиозност, лоша исхрана и недостиг на сон, здравствени проблеми и намален академски успех. Насилството може да се сопре со креирање заедница за поддршка, разговори и поврзување со децата и едукација на другите за негативните ефекти од насилството.

Автор: Јонас Гриневичиус и Ли Нефас



912

X