Петтоодделенецот Марко Алексовски од ООУ „Браќа Миладиновци“ стана државен првак во тенис во категорија до 12 години. Марко има само 10 години и веќе е државен првак, продолжувајќи да ги освојува турнирите низ нашата земја и да ги потврдува успесите.

На турнирот во Куманово во категорија до 12 години, кој се одржа пред два дена, го освои првото место, соопштува Општина Аеродром, која наведува дека придонесува за унапредување на спортскиот живот на младите.



912

X