Според мислењето на американскиот психолог д-р Кевин Леман, ова се десетте предуслови за да имате воспитано дете:
1. Бидете стопроцентно доследни во своето однесување
Детето мора да знае дека сте сериозни!
2. Секогаш исполнувајте го тоа што сте го ветиле
Никогаш не отстапувајте! Немојте да бидете колебливи зашто детето ќе се прашува: Хм, кога е сериозен/а, а кога не е?!
3. Одговарајте, немојте само да реагирате
Користете постапки, а не зборови. Наместо да се расфрлате со зборови, затворете ја устата, размислете и одговорете на ситуацијата наместо само да реагирате.
4. Избројте до 10 и прашајте се: Што би требало да променам?
Ако со години реагирате на ист начин, без успех, размислете што би требало да направите различно?
5. Никогаш не заканувајте им се на децата
Заканите ретко ги применуваме, затоа и децата не веруваат многу во нив. Дури и мало дете знае кога блефираме.
6. Никогаш не лутете се
Не дозволувајте децата да раководат со вашето расположение. Во случајот, вие сте возрасната личност. Ако ги изгубите нервите, извинете му се на детето за евентуално изнесените навреди.
7. Не предупредувајте
Предупредувањето е како на детето да сте му порачале дека е глупаво и дека сè мора да му се нацрта. Целта е да ги научите децата како да реагираат кога нешто ќе кажете првпат.
8. Прашајте се: Чиј е овој проблем?
Задржете ја топката на страната на детето. Не преземајте ги нивните проблеми, постојат нешта што мора да ги направат сами.
9. Немојте да мислите дека лошото однесување ќе исчезне
Децата добиваат премногу со лошо однесување, па немојте да мислите дека без вашето вмешување, тукутака ќе се откажат од нешто.
10. Задржете го ведриот израз на лицето дури и кога… сакате да направите нешто друго
Наместо да се нервирате, стапете во штрајк. Не правете ништо од тоа што децата го очекуваат, сè додека не почнат да ги исполнуваат своите обврски. Вооружете се со правила и со трпение.