Дали на Обединетите Арапски Емирати им е потребен уште еден парк? За Абу Даби одговорот е потврден, па затоа денеска се отвора новиот парк од „Ворнер брос“, вреден милијарда долари, кој воедно ќе биде и еден од најголемите затворени паркови во светот.
Посетителите на овој парк има што да видат. Поаѓајќи од Готам Сити и престолнината на Бетмен до цртаните базирани на класичните ликови на „Луни тунс“.
Паркот има 1,65 милион квадратни метри и се наоѓа на островот Јас, кој е веќе дом на гигантскиот парк „Ферари“.
Паркот им овозможува на посетителите неверојатно летање со бетмобилот и интересни забави со други ликови од познатите цртани. Внатрешноста на паркот е дизајнирана така што да изгледа дека секогаш е ден.
Проектот е резултат на партнерството помеѓу „Ворнер брос“ и компанијата „Мирал“ во Абу Даби.
Компаниите што го создадоа паркот се надеваат дека бројот на посетители на островот Јас ќе се зголеми од 25 милиони во 2015 година до 30 милиони оваа година.
Мохамед Абдула Ал Забаби, извршен директор на „Мирал“, вели дека паркот претставува можност за отворање над илјада нови работни места.
Останува уште да видиме каков впечаток новоотворениот парк ќе им остави на посетителите.