Истражувањето е спроведено во Велика Британија, Америка и во Кина, а најпосакуваното занимање во Азија драстично се разликува од западните земји.

Денешните деца се под големо влијание на интернетот, а во едно истражување од 2019 година биле анкетирани 3.000 деца од Велика Британија, Америка и Кина за тоа што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Резултатите се многу интересни, како и разликите, па дури 30 отсто од младите Британци и 29 отсто од Американците сонуваат за интернет-кариера и сакаат да бидат јутјубери. Во Азија ситуацијата е нешто поинаква, па дури 56 отсто од малите Кинези сакаат да бидат астронаути кога ќе пораснат.

Веднаш по кариерата на „Јутјуб“, на второ место е професорската кариера, која ја посакуваат 25 отсто од децата во Британија и 26 отсто во Америка. Второто место во Кина го држи кариерата на наставник, но со многу поголем процент, од 52 отсто. На трето место е спортската кариера со 21 отсто во Британија и 23 отсто во Америка, додека во Кина е музичката кариера, со 47 отсто деца.

На четвртото место на британската и американската ранг-листа е професијата музичар со 18 и 19 отсто, додека во Кина спортист со 37 отсто. Последна на западната скала е кариерата на астронаут со 11 отсто деца, додека во Кина е јутјубер или влогер со 18 отсто.

Автор: Петра Аниќ-Божиќ

Извор



912

X