Воспитување

„Денешните деца не си играат надвор, мрзливи се и незаинтересирани“

Жителка на Хрватска на форумот „Редит“ поттикнала дискусија за промените во воспитувањето и навиките на денешните деца. Имено, нејзиното прашање било кои се разликите во воспитувањето и однесувањето што луѓето ги забележуваат меѓу денешните деца и нивните врсници во минатото, а многу луѓе, особено родителите, кои забележуваат големи разлики, ѝ одговориле во коментарите.

– Забележав дека многу деца (над 10 години) зависат од превозот на нивните родители, што не беше случај во мое време. Познавам една жена која има 12-годишно дете и секој ден го чека по училиште да го одвезе дома, а живее во мало гратче и училиштето е можеби оддалечено 20 минути пеш. Да не го наведам очигледното, зависноста од социјалните мрежи и поплавата од таканаречени инфлуенсери, но таа улога ја игра времето во кое се наоѓаме, односно достапноста на сите можни медиумски содржини. Исто така, повеќе бевме надвор и мислам дека нашите родители нѐ тераа повеќе да читаме книги“, е еден од коментарите.

„Работам со деца и имам забележано дека се помалку љубопитни, односно прилично апатични, па тешко е да ги придобиеш за што било. Мојата теорија е дека за ова е барем делумно виновен лесно достапниот допамин кој буквално им е на дофат 24/7. Во исто време, ми се чини дека децата повеќе не знаат да бидат сами или да се справат со досадата, барем не без некое дигитално помагало“.

Во коментарите се огласила и една одделенска наставничка која открила дека децата од трето одделение само чекаат да заѕвони за да можат да ги извадат мобилните телефони. Дури и кога гледаат филм, нивното внимание трае околу 20 минути, а потоа се нервираат и едвај го чекаат ѕвончето.

„Се чини дека децата денес немаат исто ниво на трпение и внимание како претходните генерации. Понекогаш е навистина тешко да ги придобиете“, додала таа.

Во речиси 300 коментари луѓето најмногу пишувале дека денешните деца се мрзливи, незаинтересирани и сѐ помалку време поминуваат играјќи на чист воздух.

„Мислам дека во сето ова игра улога начинот на кој родителите им дозволуваат да играат или подобро кажано, без граници и ограничувања. Родителите веќе не гледаат во своите деца, не обрнуваат внимание на такви работи бидејќи и самите зјапаат во мобилните телефони. Сѐ додека има мир, добро е, не е важно што прави“, е заклучокот на еден коментатор.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top