Жените играат исклучителни улоги во животот. Сакани ќерки, посветени сопруги и мајки, како и работни професионалци. За одбележување на Денот на жената е избран 8 Март, кој е посветен не само на жените и женственоста, туку и на напредокот кој жените го постигнале низ годините во однос на родова еднаквост, женски права и друго. Освен тоа, има цел и да ги охрабри жените низ светот да постигнуваат уште повеќе во своите животи.

Ова е листа од неколку цитати на инспиративни и успешни жени кои може да ги споделите со вашите најмили:

-Има нешто многу посебно во врска со жената која доминира во машкиот свет. Потребна е одредена грациозност, јачина, интелигенција, бестрашност и пркос за никогаш да не го прифати „не“ како одговор – Ријана.

-Не размислувајте како да ги приспособите жените на светот – размислувајте како да го приспособите светот на жените – Глорија Стајнем.

-Жените припаѓаат на сите места каде што се носат одлуките. Таквите жени не треба да бидат исклучок – Рут Бајдер Гинсбург.

-Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за друга жена. Треба да се поддржуваме една со друга. Да се осигуриме дека сме многу храбри: да бидеме силни, исклучително љубезни и пред сѐ, скромни – Серена Вилијамс.

-Денес ги славиме силата, одлучноста и отпорноста на жените насекаде – Мишел Обама.

-Нема ограничување во однос на тоа што ние како жени можеме да постигнеме – Мишел Обама.

-Таа веруваше дека може, па го стори тоа – Р.С. Греј.

-Девојка треба да биде две работи: кој и што сака самата таа да биде – Коко Шанел.

-Жената е целосен круг. Во неа е моќта да создава, да се грижи и да трансформира – Индира Ганди.

-Мислам дека разбирањето оти не сте сами, дека стоите заедно со уште милиони свои сестри во светот е витално – Малала Јусафзаи.

Извор



912

X