Денес е Божиќ или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Христовото рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. Верниците се поздравуваат и си го честитаат празникот со: Христос се роди! – Навистина се роди!

Во народното верување со Божиќ почнува периодот од 12 дена наречени некрстени или погани, кои траат до Водици (19 јануари). Овој период е исполнет со многу активности околу негативните демони, со разни магиски заштити. Дури на Водици, кога се крсти водата, се верува дека се неутрализираат нивните дејства.

Фото: Борче Поповски



912

X