Воспитување

Дедо Мраз одговорил на писмата од 27 илјади деца – кои желби биле најчести?

Децата во Германија, Австрија и во Швајцарија традиционално испраќаат список со желби до Дедо Мраз. Детските писма пристигнуваат на шест места во Германија, каде што се составуваат одговорите. ДПА јавува дека годинава биле одговорени 27.000 писма пристигнати од целиот свет.

– Бројот на примени писма е нешто поголем од минатата година. Многу писма испратија украински деца, кои добија одговори на нивниот јазик – истакнал Петер Гереке, претседател на одборот.

Според традицијата, на 6 декември децата бараат подароци од Дедо Мраз.

Повеќето од децата побарале мир и снежен Божиќ, но и добро здравје за семејството, пријателите и сите луѓе. Добиени се писма и од студенти кои барале „успешно полагање на претстојните испити“. Секако, на списоците со желби имало и играчки, боички, тркачки автомобили и „плејстејшн“, како и чоколади и мандарини.

Специјалната пошта на Дедо Мраз работи до 24 декември. Во следните неколку дена 42 волонтери ќе одговорат на уште илјадници писма.

За Божиќ 2021 година пристигнале 30.711 писма од деца од 43 земји. Во гратчето Гроселн во Германија, во близина на француската граница, децата му пишуваат на Дедо Мраз од 1967 година. Тоа е најстарата пошта за писма до Дедо Мраз во Германија.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top