Игротека

Дедо и внук пронашле одличен начин за да играат на дистанца

Со оглед на ситуацијата и неизвесноста во светот поради пандемијата на коронавирусот, оваа приказна ќе ви даде причина да се насмеете.

Гејл Паске Клевер од Ајова сподели неодолива фотографија од нејзиниот внук и нејзиниот сопруг како играат „Икс-нула“ додека се разделени со стаклена врата.

– Одвојува време за да си игра со дедо – напиша Гејл на својот фејсбук-профил. Таа вели дека нејзиното семејство практикува социјално дистанцирање поради ширењето на коронавирусот.

– Одвоени се повеќе од една недела. Обично се гледаат неколку дена во неделата за да си играат – вели Гејл.

За да поминат време заедно, а истовремено да се одвоени, нејзиниот внук и нејзиниот сопруг секој ден се гледаат онлајн и заедно пишуваат домашни задачи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top