Игротека

Дечињата да пишуваат писма. Дедо Мраз сепак доаѓа!

Во обид да се зачува божиќниот дух, Дедо Мраз им се обраќа со писмо на дечињата што имаат сомнеж дали тој навистина ќе дојде во нивниот дом оваа година. Инцијативата е да му се испраќаат писма по пошта, а студентите од Оксфорд ќе му ги поднесат писмата на Дедо Мраз.

Хо, хо, хо од човекот во црвениот костум!

Забележав дека момчињата и девојчињата во округот Оксфорд и Лафајет изразиле сомнеж за годинашниот божиќен дух, па одлучив на сите да им напишам писмо за да ги разјаснам работите. Дедо Мраз е жив и здрав – единствената болест што Северниот Пол ја гледа е повремената болка во стомачето од јадење премногу колачиња. На округот Лафајет му треба малку божиќен дух, а Дедо Мраз треба да дојде колку што може побрзо. Момчињата и девојчињата беа многу добри оваа година, па иако работите се различни од вообичаено, немојте да мислите дека моите помошници не ве гледале за да се уверат во вашите добри манири.

Џуџињата имаа тешка работа во работилницата создавајќи нови играчки за сите деца на мојата листа. Ирвасите го вежбаа своето полетување и вештините за слетување исто така – дури го усовршивме и физичкото дистанцирање за достава на подароците.

Сè уште планирам да патувам низ светот на бадниковата вечер и да им доставам подароци на добрите момчиња и девојчиња на мојата листа. Јас ќе носам маска, за да се осигурам оти подароците се единственото нешто што ќе го носам со мене од куќа во куќа. Знам дека вие дечињата сте навикнати да ме гледате низ градот и да седнете во мојот скут, па да ми раскажете што сакате за Божиќ, но сега најдобар начин да ми го кажете тоа е преку писмо.

Вашите наставници и родители може да ви помогнат со тие писма, а јас ќе ги подигнам од поштата пред Божиќ, за да можам сите да ги прочитам. Па, напишете ми писмо и запомнете: Среќен Божиќ на сите!

Автор: Крис Крингл

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top