Децата во градинката што е дел од основното училиште „Хикерсон“ во Тулахома, Тенеси, направиле прекрасен и пресладок гест по повод роденденот на нивниот служител, господин Џејмс. Џејмс е глув, а дечињата само заради него, научиле да ја изведуваат песната „Среќен роденден“ со помош на знаковниот јазик.
На почетокот на видеото се гледа како Џејмс влегува во просторијата, а дечињата, со помош на воспитувачките Ејми и Алис и медицинската сестра Ангела, почнуваат да ја пеат песната.
Кога Џејмс сфаќа дека дечињата освен што пеат и ги покажуваат зборовите преку знаковниот јазик, станува емотивен. Директорот на училиштето вели дека симпатичниот служител е вработен таму веќе 15 години и е многу поврзан со децата.
– Џејмс понекогаш ги учи децата на знаковен јазик, ги учи пристојно да се однесуваат и како треба да се однесуваат кон другите луѓе – вели директорот.
Our Kindergarten classes learned how to sign Happy Birthday for Mr. James’ birthday today. He was so surprised! ???? pic.twitter.com/OXQ3gDnpbh
— Hickerson Elementary (@HickersonSchool) October 23, 2018