Биби е секогаш расположена за играње и за нови предизвици. Таа сака да си го мери знаењето со своите другарчиња, сака да биде најдобра, ама тоа е затоа што многу сака да чита, да учи, да знае. Овој пат Биби ви предлага една нова возбудлива авантура. Летото е време за забава, за дружење во кругот на семејството. А има ли поубаво од нова едукативна фамилијарна игра? По големиот успех на „Игра на знаења“, во која децата уживаат, тимот на „Светот на Биби“ создаде нова магија.

Сигурно нема дете што не ја играло играта „На буква, на буква“. Тргнавме од едноставната детска игра за да направиме едукативна игра што нема да сакате да ја оставите. Биби и Боби ќе тргнат во потрага по нови и несекојдневни животни. Инсекти, птици, цицачи, риби и што уште не! Во овој дневник на откритија ќе ги дознаете нивните тајни карактеристики и навики, една по една, буква по буква. Заедно ќе научите многу нови нешта и најважно – ќе се забавувате!

Како се игра „На буква, на буква“?

Може да ја играат двајца до четворица играчи. Се состои од: книга за животните, 106 карти, табла со симболи, 36 жетони, една коцка. Почнува играчот на кој ќе му се падне најголема бројка на коцката. Тој ја фрла коцката над таблата со бои и симболи. Полињата на таблата се во три бои и секоја боја претставува одделна група: сина за тие што пливаат, жолта за тие што летаат и зелена за тие што се движат по земјата. Ако коцката падне на средината од таблата, тогаш играчот сам одбира од која група ќе погодува.
Откако ќе се одбере поле, еден од соиграчите влече карта од соодветната група. На пример, ако коцката падне на зелено поле и бројката на коцката е 2, се влече зелена карта. Ако картата е со кенгур, се кажува: „Кажи едно животно на буквата к“. Бидејќи е зелена карта, се знае дека е животно што се движи по земјата. Играчот има 2 шанси да погоди. Ако играчот го погоди животното, ќе добие соодветен жетон. Ако не го погоди, го губи редот во наредниот круг. Потоа игра наредниот играч.
Победник е тој што прв ќе собере по три жетони од сите групи и се прогласува за најдобар истражувач!

Играта е достапна на интернет-страницата „Светот на Биби“  и во специјализираните продавници на Биби во ГТЦ-Центар и Аеродром во Скопје.
Летната акција на сите производи сè уште е во тек. Сите производи од „Светот на Биби“ по намалени цени до 24 август на www.svetotnabibi.mk



912

X