Воспитување

Дали децата се непослушни или едноставно премногу ги коригираме?

Кога родителот ќе каже „детето воопшто не ме слуша“, м-р Марија Саздева прво прашува: А што сѐ му е забрането на тоа дете? 

Мислиме дека денешните деца имаат преголема слобода, но вистината е поинаква – тие живеат со постојани, ситни, секојдневни корекции. „Не седи така, не зборувај така, не плачи, не скокај, не лути се …“

Порано имаше неколку големи забрани, а сѐ друго беше слободна игра на улица. Денес, децата се под толку голем притисок од мали корекции, што развиваат природен одбранбен механизам – или целосно нѐ игнорираат или реагираат бунтовнички.

Клучната педагошка лекција: Послушноста не почнува од вашето дете, туку од вашите јасни родителски одлуки и намалување на ситните забрани.

Погледнете го целото видео:

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top