Децата и тинејџерите што страдаат од дебелина, исто така, веројатно ќе имаат висок крвен притисок, откриле американските истражувачи, истакнувајќи дека раниот третман ќе го намали ризикот од кардиоваскуларни болести подоцна во животот.

Според студија објавена во списанието „The Journal of Clinical Hypertension“, тинејџерите на возраст од 15 и повеќе години кои имаат прекумерна тежина се изложени на поголем ризик, за разлика од децата на возраст меѓу 3 и 14 години.

Важно е навреме да се реагира

Важно е редовно да се следи нивото на крвниот притисок на детето доколку се соочува со дебелина – препорачува Херман Јозеф Кал од Германското сојузно здружение за педијатри. Третманот на висок крвен притисок кај децата и адолесцентите ги намалува долгорочните ризици од кардиоваскуларни болести, според здравствениот експерт.

Дебелината, исто така, може да предизвика нарушувања на метаболизмот на мастите и гликозата, што може да доведе до дијабетес тип 2 во зрелоста. Губењето на тежината, се разбира, би било најдобриот лек – вели Кал.

Некои клиники нудат програми специјално дизајнирани да им помогнат на децата и младите да ги променат своите навики во исхраната и да научат да вклучат повеќе вежбање во нивниот секојдневен живот. Притоа им се дава и поддршка во решавање на проблеми, како што се стигматизација и злоупотреба.

Извор



912

X