Во неодамнешно истражување на 268 момчиња на возраст од две до 18 години, кои биле на Одделот за педијатриска ендокринологија на Универзитетот „Катанија“ во Сицилија, заради контрола на телесната маса, истражувачите откриле дека момчињата со нормално ниво на инсулин имале двојно поголем волумен на тестисите од момчињата со покачени нивоа на инсулин.

Кај момчињата што имале прекумерна тежина, односно биле дебели, инсулинската резистенција придонела за значително намалување на волуменот на тестисите, во споредба со другите момчиња кои немале проблеми со тежината. Исто така, долго време е познато дека оваа појава го зголемува ризикот од неплодност кај возрасните мажи.

„Волуменот на тестисите е директно поврзан со квалитетот на спермата и обично е добар показател за хормоналната функција“, вели докторот Алекс Роблс. Како што објаснува, постојат податоци кои откриваат дека неплодните мажи во просек имаат помал волумен на тестисите во споредба со плодните мажи.

„Ова може да го видиме и кај мажите што земаат егзогени анаболички стероиди, бидејќи по некое време тие престануваат да го произведуваат сопствениот ендоген тестостерон, што на крајот доведува до намалување на волуменот на тестисите и производството на сперма“, додал тој.

Извор



912

X