Дали од вашето дете некогаш сте го слушнале терминот „фушер“?
Станува збор за епитет кој им се дава на оние чии родители не купуваат брендирани работи и е дел од новата форма на насилство од врсници кои користат нови технологии за да утврдат дали нечија гардероба е оригинална или лажна.
Ако насилниците не се сигурни дали нечија облека е брендирана, тие го скенираат кодот. Ако апликацијата не даде резултат – детето може да биде изолирано, задевано, а понекогаш и физички малтретирано.
„Фуш-насилството“ се карактеризира како нов вид насилство.
– За жал, „контролори“ се другите деца, односно соучениците или другарчињата од соседството. Жртви на ова насилство најчесто се деца кои потекнуваат од семејства со поскромна социо-економска положба. Во овие ситуации клучна е улогата на училиштето и на родителите, кои треба да ги заштитат децата од вакви ризици, додека „контролорот“ треба да се освести за негативното влијание на сопственото однесување преку советодавна работа. Клучно е да разберат како се чувствуваат жртвите во тие ситуации и да се стават во нивна положба, односно како би се чувствувале кога би минувале низ слична ситуација – вели педагогот Јелена Јовиќ.
912