Воспитување

Дали вашето дете не сака да оди во градинка?

И покрај придобивките од испраќањето на детето во градинка, секое дете не ужива во престојот таму. Ако вашето дете не сака да оди во градинка многу почесто отколку што сака, еве што може да направите за да помогнете – од препознавање на знаците до преземање мерки.

Препознавање на знаците

Можеби една од најдобрите работи која можете да ја сторите за детето кое не ужива во градинка е да дознаете зошто, па тоа ќе ви дозволи да одлучите и каква мерка да преземете. Сепак, ова можеби нема да се одвива директно и брзо, па кога ќе го прашате детето зошто е така, може и да не добиете јасен одговор. Пожелно е да проверувате и со воспитувачот од градинка од време на време и постојано да зборувате со своето дете за тоа како му поминал денот – па да ги препознаете знаците ако нешто не е во ред, односно ако детето се соочува со нешто заради кое не сака да оди во градинка. Внимавајте на знаци како: детето одненадеж не сака да оди во градинка, не сака повеќе да игра со одредено дете или одненаде станува припиен кон вас пред да оди.

Преземање мерки

Откако ќе ги откриете причините, важно е да најдете решение за проблемите. На пример, многу постари деца го мразат училиштето бидејќи чувствуваат преголем притисок за да постигнат добри оценки. Децата од претшколска возраст, пак, можеби чувствуваат притисок ако се едноставно срамежливи, па не можат да бидат дел од некоја претствата или слично. Во тој случај, едноставно би требало да вежбате со него, на пример, песничките да ги изведува дома или што и да е од неговите задачи, за да се стекне со самодоверба. Сепак, ако детето ја мрази градинката бидејќи искусува насилство од врсниците, треба да остварите средба со воспитувачите во градинката за да се изнајде вистинското решение. Како резултат на тоа, воспитувачот може да испланира дискусија за врсничко насилство во групата, или да зборува со детето кое го применува насилството индивидуално. Дополнително, може да му ги дадете на детето алатките за да се справи со насилници – да го научите да се заземе за себеси на мирен и совесен начин, а и да играте сценарија „Што ако?“ со него. Тоа ќе му помогне во зајакнување на самодовербата, за да може да се справува со проблемите.


Некогаш, решението можеби е во само еден ден пауза. Ден уште наречен „ден за ментално здравје“, концептот не е нов, а се знае дека на ученици малата пауза од училиште им помага во полнење на батериите. За децата од претшколска возраст, еден ден пауза исто така може да биде добредојден. Важно е да се осигурате сепак, дека не се работи за повеќе денови, па затоа таа пауза да се искористи најдобро што може. Тоа сторете го преку вежбање на грижа за себе, започнување на здрави навики, или играње игри преку работа за решавање проблеми. Може и да закажете состанок со воспитувачот или учителот за да го истражувате подетално проблемот

Често е вознемирувачко да се слушне дека детето не сака да оди во градинка, но важно е да се дознае зошто е тоа така. Кога ќе дознаете, ќе донесете одлука како да се справите со ситуацијата.

Автор: Кајли Херис

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top