Жените што страдаат од тешки утрински мачнини во текот на бременоста, таканаречена хиперемеза на бременоста, имаат поголеми шанси да родат девојче. Истражувачите проучувале дури 1,7 милион бремености за да дојдат до тој заклучок. Нивната анализа ја поврзува хиперемезата во бременоста со мали шанси да се има син. Не е јасно зошто е тоа така, но едно објаснување е дека машките бебиња се почувствителни во матката и помалку способни да издржат тешки девет месеци.

Хиперемезата е многу потешка состојба од „нормалните“ утрински мачнини и влијае врз една од сто бремени жени. Идните мајки повраќаат до 50 пати на ден, дехидрираат, губат до 10 проценти од својата тежина, а во некои случаи доживуваат дури и спонтан абортус.

Жените што се под стрес почесто раѓаат девојчиња

Генерално, малку повеќе се раѓаат момчиња отколку девојчиња. Сепак, 56 отсто од бебињата во Шведска чии мајки страдале од оваа состојба биле девојчиња, објавува „Њу сајентист“. Истражувачите, исто така, потврдиле дека жените што ги следеле имале повеќе спонтани абортуси. Истражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк велат дека едно од објаснувањата е дека има поголеми шанси за спонтан абортус кај машките бебиња. Втората е дека женските бебиња едноставно имаат поголема веројатност да предизвикаат сериозно гадење за време на бременоста. Претходните истражувања веќе покажале дека жените што се под стрес и имаат проблеми дома, на работа или во љубовниот живот пред породувањето, имаат поголема веројатност да родат девојчиња.

Точната причина не е позната, па нема и конкретен третман

Не се знае точната причина зошто некои трудници имаат склоност кон повраќање и силни мачнини во бременоста, а други немаат никакви проблеми. Hyperemesis gravidarum (повраќање во бременоста) е проблем од непозната причина, па затоа не постои специфична терапија. „Третманот на хиперемезата обично е симптоматски и целото внимание е насочено кон гестациската старост, а првенствено се однесува на корекција на нерамнотежата на телесните течности и солта, која е нарушена од пречестото и прекумерно повраќање“, објаснува гинекологот Ерден Радончиќ.

Извор



912

X