Едно предупредување кое повеќето родители го слушаат е дека бебето не треба да се успива в прегратка бидејќи така ќе го навикнете на тоа и веќе нема да можете да го успиете на друг начин. Но, кога се работи за мали бебиња, нема ништо лошо во тоа.

„Бебињата помали од 4 месеци треба да се држат на начин кој им е потребен за да ги заспиеме“; вели Сатја Нарисети, професорка на одделот за педијатрија на Универзитетот „Рутгерс“. Сепак, секогаш ставете го бебето на грб во креветчето откако ќе заспие. Тоа е најбезбедниот начин.

Не затемнувајте ја собата кога го заспивате бебето

„По 3 или 4 месеци, кога бебето ќе развие поредовни навики за спиење и ќе може да спие поголемиот дел од ноќта, проценете дали заспивањето во вашата прегратка сè уште е вистинскиот избор“, вели Нарисети. „Секое дете и семејство се различни“. Но, веројатно би сакале да се ослободите од оваа навика пред бебето да почне да оди.

„Важно е децата да можат да спијат и да се смират сами“, вели таа. Кога детето ќе се разбуди во текот на ноќта и самото повторно ќе заспие без плачење и без ваша помош, тоа е вештина која подоцна ќе биде и повеќе од практична, и без грижа, и тоа ќе се случи. Тренирањето, односно поттикнување на детето да има поредовни навики за спиење, го вклучува ставањето на детето во креветче додека е сè уште будно и оставање самото да се успие. Професорката Нарисети, која и самата е мајка, е обожавател на Фарберовите методи, во кои родителите го тешат бебето во текот на ноќта, но го задржуваат во креветчето, развивајќи на тој начин самосмирување. Воспоставувањето рутини во спиењето, на пример, бањање, па книга, па кревет, исто така е добар начин за поттикнување добар и квалитетен сон.

Како да го научите бебето само да заспие?

Ако сакате да пробате тренирање на спиењето, најпрво обратете се на лекар за да бидете сигурни дека нема никакви медицински препреки, како рефлукс (состојба во која желудочните киселини се враќаат во хранопроводот и предизвикуваат болки), што би можело да му пречи на бебето. „Постојат моменти во кои родителите може да го утешат детето во текот на ноќта, на пример, ако има ноќна мора или слично, но во повеќето случаи верувам дека децата би требало да научат самите да се успијат до периодот кога ќе тргнат во градинка“, смета професорката.

Автор: Бони Венгроу

Извор



912

X