Нема сомнеж дека кога ќе дојдат потоплите денови и најразличните пригоди за скара и дружење со драги луѓе, освен храна, прво што ќе помислите е некој освежителен пијалак, а тоа најчесто е пивото. Ако сте дел од оние што сакаат да испијат чаша или две од овој пијалак, а во моментот сте бремени, сигурно ќе барате начин да ја задоволите жедта. И ќе ви текне: Хм, дали трудниците можат да пијат безалкохолно пиво?

Иако на почетокот изгледа дека одговорот на тоа е апсолутно „да“ и поголем проблем е дали вкусот на тоа безалкохолно пиво ќе ви одговара, работите не се толку едноставни. Имено, некои независни студии покажале дека безалкохолното пиво сепак содржи одредена количина на алкохол, максимум 0,5 отсто.

Некои производители дури го истакнуваат овој процент на своето безалкохолно пиво, па пишува (се разбира со ситни букви) дека пивото може да содржи алкохол. Но, во некои афери што се случуваа надвор од нашата земја, производителите често укажуваа дека толку мал процент на алкохол има и во прехранбените производи, како што е јогуртот, на пример.

Дали безалкохолното пиво содржи алкохол?

Безалкохолното пиво има многу сличен вкус на вообичаените верзии со алкохол, што го прави идеален избор за оние што не сакаат или не можат да консумираат алкохол. Многу варијанти на овој пијалак тврдат дека содржат 0 отсто алкохол, но „безалкохолното“ пиво всушност може да содржи и до 0,5 отсто алкохол.

Иако 0,5 отсто алкохол изгледа како сосема незначителна количина, останува фактот дека не можеме секогаш да ѝ веруваме на етикетата, бидејќи постои можност да има повеќе алкохол отколку што се рекламира. На пример, една американска студија од 2010 година разгледала 45 пива за кои производителите тврделе дека немаат или имаат ниска количина на алкохол. На крајот се покажало дека 29 отсто од пијалаците содржеле нивоа на етанол повисоки од декларираната концентрација на етикетата. Шест пијалаци за кои се рекламирало дека имаат 0 отсто алкохол всушност имале повеќе од 1 отсто етанол, некои дури и до 1,8 отсто.

Дали трудниците смеат да пијат безалкохолно пиво?

Само вие и вашиот лекар можете да одлучите дали е безбедно да се пие безалкохолно пиво за време на бременоста. Девет месеци не е толку долг период, па можеби би можеле да размислите да не пиете ништо што може да содржи алкохол.

Извор



912

X