Периодот на бременост е многу возбудлив, но за време на целиот тој период треба внимателно да ги следите препораките на лекарот, особено кога станува збор за консумирањето лекови. Повеќето од нив се забранети за трудници, но има и такви што се безбедни и не влијаат врз плодот. Активниот јаглен е лек кој многу често се користи за гастроинтестинални проблеми, но дали е безбеден за трудниците?
Рускиот гинеколог Ноне Осјипан објаснува дека активниот јаглен е сосема природна супстанција. Му помага на телото да ги собере и отстрани штетните токсични материи од телото пред да влезат во циркулаторниот систем.
Ефектот на активниот јаглен врз бебето во стомакот
Активниот јаглен е добар затоа што не се апсорбира во крвта и, соодветно на тоа, не продира во плацентата, од каде што се храни фетусот. Тој дејствува исклучиво во гастроинтестиналниот тракт, а природно се излачува во рок од седум часа по консумирањето.
Сепак, секогаш имајте на ум дека овој лек треба да го земате за време на бременоста само по консултација со лекар.
Со какви проблеми во бременоста може да помогне?
-Киселини
-гасови
-гадење
-повраќање
-лошо варење
-различни алергиски реакции на телото.

Кога не треба да користите активен јаглен?
Пред да користите активен јаглен во текот на бременоста, задолжително консултирајте се со лекар, но има и неколку причини да не земате активен јаглен, а тоа се:
-запек
-користење витамини
-чир на желудникот и дванаесетпалечното црево.
Активниот јаглен е достапен и целосно безбеден за борба против разни видови труење и непријатни симптоми за време на бременоста. Сепак, не заборавајте дека секој лек има и контраиндикации. Затоа, за да не си наштетите себеси или на бебето, контактирајте го вашиот лекар за да ви препише соодветна терапија.