Здравје

Дали трудниците смеат да јадат јајца?

Бремените жени често не се сигурни дали можат да јадат јајца во текот на бременоста, но поради многубројните хранливи материи кои ги содржат, тие се корисни за развојот на плодот.

Важно е да се внимава на безбедноста. Јајцата треба добро да ги сварите или испечете. Тоа значи дека белката мора да биде целосно цврста, а жолчката да биде кондензирана. Исто така, за време на бременоста, не јадете производи што содржат сурови јајца, бидејќи тоа може да предизвика труење. Избегнувајте храна како домашен мајонез – комерцијалните производи се генерално безбедни бидејќи се термички обработени. Ова се причините зошто јајцата се добредојдени за време на бременоста:

Полни се со хранливи материи

Само едно јајце содржи 13 различни витамини и минерали кои се важни за време на бременоста, вклучувајќи витамин А, јод, фолна киселина и железо. Јајцата се еден од најбогатите извори на холин (кој игра важна улога во развојот на мозокот и ‘рбетниот мозок на бебето) и содржат омега-3 масти и антиоксиданси.

Моќта на протеинот

Една порција од две јајца обезбедува речиси 100% од дополнителните протеини потребни за време на бременоста.

Евтини и достапни

Јајцата се релативно евтина и навистина достапна алтернатива на месото.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top