Лора од Даблин споделила две фотографии од нејзиниот труднички стомак – фотографирани во ист ден. Таа е во 16. недела од бременоста со своето трето дете и била изненадена колку поголем станува нејзиниот стомак навечер.

– Наутро имам стомак со регуларна големина за неделата во која сум бремена. Иако и тоа е голем стомак за мене бидејќи беше многу помал со моите други две деца. До вечерта се чувствувам како да е дојдено време за породување – едноставно многу се проширува! – вели таа.

фото извор: madeformums.com

Дали е нормално трудничкиот стомак да станува поголем навечер?

Ова се случува кај многу мајки, а таквите искуства ги споделуваат и по многу форуми. „Бремена сум само 8 недели и 3 дена со моето второ дете, па имам мало трудничко стомаче наутро, но додека се стемни мене стомакот ми е како да сум во 5. или 6. месец“, вели една мајка на форумот „madeformums“.

Но, зошто трудничкиот стомак изгледа поголем навечер?

Што се случува? Експертите се согласуваат дека сè се сведува на абдоминалните мускули кои се изморуваат од држењето на тежината на трудничкиот стомак, па се олабавуваат и прошируваат, дозволувајќи вашиот стомак да се „продолжи“ и да изгледа поголем. Потоа, кога одите на спиење, тие мускули добиваат шанса да се одморат и заздрават, па до утрото се „освежени“ и подготвени повторно да го држат вашето бебе на позатегнат начин. Трансформацијата на стомакот во текот на денот може да зависи и од бројот на бремености што сте ги имале, вашата градба и возраст. Може да биде повеќе олабавен ако сте над 35-годишна возраст и веќе сте биле неколку пати бремени или сте носеле близнаци. Исто така, бебето може да ја менува позицијата наутро или ако сте имале обилен оброк навечер, па имате подуеност, што исто така е причина за зголемување на трудничкиот стомак.

Но, сето ова е сосема природно, иако може да биде изненадување кога првпат ќе го забележите тоа.

Автор: Тара Бретнеч

Извор



912

X