Ако си трудна и имаш пирсинг во папокот, сигурно се прашуваш што да правиш со него, дали смее да остане или треба да го тргнеш. Еве ги најважните информации што ќе ти помогнат да одлучиш.
Во раната бременост пирсингот обично не создава никаква непријатност. Но, како што расте стомакот, така се менува и кожата околу папокот – станува почувствителна, се растегнува и може да предизвика непријатност. Ако пирсингот ти пречи, најдобро е да го извадиш. Доколку кожата веќе е зарасната и без воспаленија, нема медицинска причина да го тргнеш, но треба да внимаваш.
Со растењето на стомакот, кожата каде што е поставен пирсингот се „развлекува“ не само вертикално, туку и странично. Некои жени чувствуваат дека изгледот на папокот се менува, што е сосема нормално.

Зошто е ризично да се прави пирсинг во бременоста?
Имунолошкиот систем за време на бременоста е послаб, што значи дека телото полесно се инфицира. Ако одлучиш да направиш нов пирсинг додека си бремена, можеш да се соочиш со:
- Прекумерно крвавење;
- Подолг процес на зараснување;
- Инфекции (црвенило, топлина, секрет);
- Зарази (хепатит Б/Ц, ХИВ);
- Одбивање на телото, со што пирсингот може да не зарасне правилно.
Ако пирсингот е неодамна направен, ризикот од инфекција е уште поголем.
Најдобро е пирсингот да се тргне
Експертите советуваат: тргни го пирсингот штом дознаеш дека си бремена. Тоа ќе ѝ овозможи на кожата да почне да се обновува пред да почне силно да се растегнува. Ако го оставиш предолго, може да ти се закачува за облеката, да создава болка и иритација. По вадењето, местото треба добро да се исплакнр и исуши.
Како да се грижиш ако сепак го задржиш?
Ако сепак го задржиш пирсингот, избегнувај:
- Играње со него или влечење;
- Тесна облека или ремени што создаваат триење;
- Накит од неквалитетен материјал.
Најдобри се пирсинзи од титаниум, хируршки челик или 18-каратно злато.
Тргни го за време на бременоста, врати го подоцна
Дури и ако пирсингот ти е стар, телото реагира поинаку во бременоста. Во некои случаи дури и стар пирсинг може да предизвика проблеми. Затоа е најбезбедно да го тргнеш за време на бременоста и да го вратиш по породувањето, кога телото ќе се врати во нормала.
Ако имаш симптоми на инфекција, побарај лекарска помош. И запомни, пирсингот може да биде убав додаток, но твоето здравје и здравјето на бебето се на прво место.