Дури и да сте доволно среќни да немате отечени нозе во третото тримесечје од бременоста, шансите се големи дека во еден момент ќе дојде до тоа. Честа е и отеченоста по породувањето бидејќи голем број течности се задржале во телото. Кога јас се справував со ова, ги кревав нозете на ѕид 20 минути и ги триев со сува крпа стапалата. Не отекував често, но кога тоа се случуваше, беше секогаш поврзано со недоволно пиење течности, предолг престој на сонце или премногу пешачење или, пак, обратно, премногу седење. Една работа што не сум ја пробала беше носењето компресивни чорапи, најмногу затоа што беше лето. Но, зборував со д-р Гболахан Окубадејо, спинален и ортопедски хирург од Њујорк, и еве што научив.

Кои се придобивките од носењето компресивни чорапи во бременоста:

Д-р Окубадејо: Една придобивка од овие чорапи е што помагаат да се контролираат зголемените отоци. Чорапите нежно ја притискаат ногата, со што се олеснува непријатноста. Исто така, ја подобруваат циркулацијата. Крвта вообичаено се пумпа надолу до нозете, а потоа назад од нозете до срцето. За време на бременоста, сепак, протокот на крв е прекинат. Чорапите го намалуваат дијаметарот на крвните садови, што за возврат го зголемува протокот на крв од нозете назад кон срцето. Жените, исто така, искусуваат зголемено лачење на хормони во бременоста, што ги изложува на ризик од варикозни вени и крвни згрутчувања, па носењето чорапи за компресија помага за превенција на двата случаи.

Кои се придобивките од чорапите по бременоста?

Д-р Окубадејо: Симптомите се слични како и за време на бременоста, Откако ќе се породи, жената може да искуси постпородилно отекување поради вишокот течности што остануваат во телото. Исто така, грижата за новороденче е тешка работа и многу е веројатно жената да стои на нозе подолг период, што доведува до отечени нозе. Дополнително, сите придобивки од чорапите во бременоста се однесуваат и за периодот по бременоста.

Има ли некој што не би требало да ги користи?

Д-р Окубадејо: Чорапите се во ред за сите бремени жени, но од круцијално значење е да се носи точната големина. Ако се премногу тесни, може да се појават црвенило и иритација.

Кога и колку долго треба да ги носат?

Д-р Окубадејо: Жените треба да започнат да носат вакви чорапи на почетокот од бременоста. Сепак, интензивното отекување се случува во четвртиот месец. Препорачувам да ги облекуваат на почетокот од денот и да ги носат додека не се подготват за спиење. Ако се случи да ги соблечат во текот на денот, да почекаат до следниот ден за повторно да ги облечат.

Автор: Шерон Фиеррајзен

Извор



912

X