Семејните одмори налето се радост и за децата и за возрасните, а социјалните мрежи на интернет се преполни со безброј слики од симпатични и насмеани дечиња, бебиња на плажа и други среќни семејни моменти. Родителите сакаат да споделуваат моменти со децата, а многумина и не гледаат ништо лошо во тоа. И покрај тоа што нашите деца сè уште не користат социјални мрежи, сликите од нив веројатно се наоѓаат таму уште од нивното раѓање.

Неопходно е одобрение од детето

Речиси сите наши следбеници на социјалните мрежи го знаат датумот на роденденот на нашите деца, што носеле првиот ден на училиште, името на нивниот најдобар другар, омилените филмови… Ова можеби не изгледа толку страшно кога децата се мали, но со текот на нивното созревање тие стануваат посвесни за изложеноста со помош на новите технологии и затоа повеќето од нив ќе сакаат да се чуе нивниот глас кога станува збор за објавување фотографии.

Затоа е важно секој родител пред да одлучи да објави нешто поврзано со детето на „Фејсбук“ или на „Инстаграм“ најпрвин да добие негово одобрение. Родителите и децата имаат различни приоритети и размислувања. Ако за родителот една слика изгледа безопасно, за детето таа би можела да биде ужасна.

Проверете кој се ги гледа фотографиите и објавите

Внимателно проверете што сѐ има на сликата бидејќи се случува некогаш ненамерно да биде прикажана адресата на живеење, училиштето на детето или регистарска табличка. Секој треба да се обиде да ја зачува својата приватност. Зборувајте со детето за добрите и лошите страни на користењето филтри за фотографии и други алатки за уредување фотографии.

Објаснете му на детето зошто сакате да ја објавите токму таа фотографија и што ви се допаѓа најмногу на неа.

Постојат алатки на „Фејсбук“ што овозможуваат да ограничите кој ќе може да ви го види профилот и да ви ги гледа сликите.



912

X