Воспитување

Дали треба да ги присилувате децата да велат „здраво“?

Што може да му се каже на пријателот кој не успеал да извлече „здраво“ од вашето дете?

Иако повеќето родители се обидуваат да ги натераат децата барем да воспостават контакт со очите со некого, резултатите често не се охрабрувачки. Според д-р Хајди Касевиќ, директор на организацијата „Тивка револуција“, причината поради тоа е што родителите ја третираат оваа особина како проблем.

Интровертноста е наследна

– Срамежливоста е страв од општественото судење, а вознемиреноста што личноста ја чувствува во социјалните ситуации не е наследна. Интровертноста е. Вие генерално сте програмирани да бидете интровертен или екстровертен – вели д-р Хајди.
Лесно е да се измеша срамежливоста со интровертноста и обратно, а тоа може да ги искомплицира работите или во најлошо сценарио, да предизвика погрешни и штетни родителски реакции. Касевиќ вели дека родителите не треба да реагираат на избегнувањето на децата за социјализација сѐ додека не се уверат дека станува збор за поспецифичен проблем.
– Она што родителите треба да го направат е да ги приспособат очекувањата. Кога загрижените родители почнуваат да поставуваат прашања, тие најчесто предизвикуваат срамежливост, со што се замаглува проблемот. Ако поставувате погрешни прашања, детето си мисли: „Што не е во ред со мене? Зошто веднаш не можам да се вклопам, како што сите очекуваат од мене?“ – вели д-р Хајди.

Таа посочува дека родителите можат да помогнат да се намали социјалната анксиозност со малку разбирање и прилично едноставни техники за подготовка. Најважно е да им објасните на децата што ќе се случува на настаните. Во најдобрите околности, детето ќе биде подготвено да се поздрави со непознатата личност.

Не принудувајте ги децата

– Кога некој ќе каже „вашето дете е срамежливо“, тогаш работите можат да бидат многу полоши – објаснува Касевиќ. Таа предлага да се користат реченици како: „Тие забележуваат сѐ и не пропуштаат ништо“ или „Тие се грижат толку многу за тоа како луѓето се чувствуваат“ бидејќи етикетите можат да го зајакнат однесувањето и да го зголемат нивото на анксиозност. Кога наместо „премногу тивок“, ќе кажете „одличен слушател“, децата стануваат посигурни и им е поудобно – вели Касевиќ.
Таа има едноставна мантра што ја предлага за родителите чии деца се интровертни: „Не принудувајте ги. Не откажувајте се“.
Родителите на срамежливите деца треба само да чекаат.

 

Поврзани написи

To top